Најочекуваните филмови од оваа година

Приближуваат Божиќните празници, што за некои од нас значи и сериозен филмски ангажман. Од прочуените домашно организирани киномаратони до „членство“ во Кино, месецот декември и почетокот на јануари нудат доволно премиери, со кои што ќе се забавуваме квалитетно, пред да се вратиме на работа по празниците. Еве ги и филмовите кои со нетрпение ги очекуваме да ги гледаме.

Магија на полноќ / Magic in the Moonligh


Овој пат Вуди Ален не пренесува низ 20-те на Азурниот брег. Илузионист ќе разобличава млада жена со видовити способности. Меѓутоа, животот воопшто не е толку здодевен како што еден скептик си мисли.

Серена / Serena


Со нетрпение очекуваме да видиме до каде може да стигне една силна, амбициозна и бескруполозна жена која е решена да ги постигне своите цели.

Богови и кралеви / Exodus: Gods and Kings


Единствено на што се надеваме е дека Мојсеј ќе биде барем на најмалку на Ное, иако искрено не вложуваме огромни очекувања во овој филм.

Хобитот: Битката на петте армии / The Hobbit: The Battle of the Five Armies


За љубителите на приказната на Хобитите, премиерата на овој филм ќе биде неработен ден.

Во шумата / Into the Woods


Филм со една голема ѕвезда – зла вештерка, овој пат со Мерил Стип  Into the Woods  е задолжителен за гледање.

Падингтон / Paddington


Веројатно ќе биде невозможно да не се заљубиме во мечката, која заминува за Лондон, за да бара нов дом.

Игра на кодови / The Imitation Game


Според многумина ова ќе еден од најдобрите филмови за 2014. Темата е генијален математичар кој ќе работи на код во текот на Втората светска војна.

Birdman (2014)


Актер, кој еднаш играл иконски суперхерој, мора да го надмине своето его и семејни проблеми додека подготвува театарска претстава на Бродвеј во обид за враќање на својата стара слава.

- Реклама -