Активисти за правата на животните, погребаа замрзнато пилешко во супермаркет

Организацијата Direct Action Everywhere, за заштита на правата на животните одржа доста дрска акција во супермаркет во државата Калифорнија.

Група активисти извршија церемонија на погреб на едно замрзнато пилешко од локалниот штанд на продавницата.

4

Облечени во црно, држејќи цвеќиња и тажни за загубата, луѓето дури носат црн ковчег, кој е составен пред штандот.

2

Потоа групата го носела ковчегот низ продавницата, апелирајќи „Ова не е храна, ова е насилство” и продолжувајќи ја псевдо-церемонијата дури до интервенција на полицијата.

- Реклама -