Една тажна вистина за тоа каде оди старата електроника

Американскиот режисер Алекс Горо создаде документарен филм за тоа што се случува со несаканата електроника, откако повеќе не се користи.

Видеото наречено The Electronic Afterlife е нарачано од компанијата Gizmogul, која што се занимава со рециклирање на стара техника.

За да ја изврши задачата, Горо посетува различни места низ светот во потрага на депониите за електронски отпад. Шокантната вистина е дека повеќето млади луѓе кои работат на вакви депонии, страдаат од бројни болести  и не добиваат повеќе од неколку долари на ден.

Видеото служи за потсетување дека сè што купуваме во секојдневниот живот, порано или подоцна оди во ѓубриште, па затоа е особено важно да бидеме разумни со рециклирањето на старите производи.

- Реклама -