Италија и Шпанија мирољубиво, Хрватите триумфални (видеа)

Се одиграа натпреварите од првото коло во групата Ц на Европското првенство 2012. Италија и Шпанија ги поделија бодовите, додека Хрватска ја прегази Ирска со убедливи 3:1.

Актуелниот европски првак Шпанија ја почна одбраната на титулата со просечна партија и реми од 1-1 во пресметката со Италија. Како што можеше да се очекува, Шпанците почесто ја имаа топката во своите нозе, но многу тешко успеваа да најдат начин да ја пробијат добро организираната италијанска одбрана. Впрочем, работата на „аѕурите“ им ја олесни и шпанскиот селектор Дел Боске, кој реши овој меч да го започне без ниту еден единствен класичен напаѓач во тимот.

{youtube}F8Dgf3EalAQ{/youtube}

Хрватска влезе со оптимизам во ова Европско првенство, а „коцкестите“ се погрижија уште на премиерниот натпревар да покажат дека сосема оправдано со голема самодоверба го дочекаа оваа елитно натпреварување. Во вториот меч од групата Ц избраниците на Славен Билиќ лесно и убедливо славеа со 3-1 над Република Ирска, уште во првото коло ставајќи крај на надежите на Ирците дека би можеле да приредат некое поголемо изненадување на ЕП 2012.

{youtube}JxvzH0IVmR8{/youtube}

Oбјавено во соработка со Екипа.

- Реклама -