Што ќе се случи ако сите луѓе на планетата скокнат во исто време?

Замислете дека сето човештво на планетата стои рамо до рамо. Верувале или не, ќе успееме да го наполниме само Лос Анџелес (1215км2). Но, ако скокнеме?

За да стигнеме до одговорот, мораме прво да зборуваме за земјината ротација.

Кога една лизгачка на мраз се врти во круг, таа ги собира рацете крај телото т.е. ја приближува својата маса кон оската на ротација. Со тоа ја зголемува брзината на ротација.

Земјата е многу слична со истата таа лизгачка. На Екваторот, Земјата ротира со брзина од 1,674.4 км/ч. Кога вие самите би легнале на земјата, технички, би ја приближиле својата маса до центарот на Земјата, со тоа зголемувајќи ја нејзината ротација, што пак би се манифестирало со скратување на денот. Се разбира, импактот од ваквиот чин е невозможно дури и да се измери, но сепак, возможно е да се пресмета. Тогаш, што ако резултатот се помножи со бројот на целата човечка популација на планетата?

За споредба, силниот земјотрес што ја погоди Јапонија редистрибуираше огромен дел од нејзината маса кон центарот, па секој ден оттогаш е пократок за 1.8 микросекунда!

Пред да откриеме премногу, погледнете го видеото:

- Реклама -