Задолжителна вештина: Менаџирање на финансиите во компанијата

Вистинскиот менаџер се надоградува, постојано учи и впива нови знаења. Современиот менаџер поседува широк опсег на познавања. Треба совршено да владее со сите функции од корпоративното работење, сметководство, финансии, маркетинг, производство, човечки ресурси и информациски системи. Академијата за Менаџери континуирано спроведува едукација преку специјализирани предавања на постдипломско ниво како еден од начините да се стигне до повеќеслојни и комплексни знаења и веднаш апликативни за менаџирање со една компанија. Стратешко менаџирање на финансиски услуги е следното викенд предавање кое ќе го одржи професор Стелиос Кехајас, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ.

Структурата на модулот Стратешко менаџирање на финансиски услуги се фокусира на анализа на теоретските и техничките теми, додека истовремено се прави значителен напор за поврзување на овие теми со индустријата и условите во вистинскиот свет.

„Програмите се креирани да го зајакнат теоретското знаење на постдипломците на полето на менаџментот и финансиите, покривајќи широки области, како процесот на донесување на инвестициски и финансиски одлуки, структура на капиталот и одлуки за дивиденди, финансиско инженерство и управување со ризик, одлуки за капитално буџетирање и вреднување“, изјави професор Стелиос Кехајас, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ.

Една од целите е да им се овозможи на учесниците во програмата, релевантно и најсовремено истражување, а со тоа да се збогати и надгради нивното знаење во одредени области. Убавината на програмите е тоа што ги покриваат потребите на голем спектар професии.

„Ова е поради тоа што менаџерското и финансиското знаење е основно за каков било вид на менаџерска позиција во која било индустрија. Ефикасното менаџирање на човечките и финансиските ресурси е клучното што треба да се знае за успешен бизнис. Програмите обработуваат и проблеми од реалниот свет со кои менаџерите се среќаваат секојдневно, и ги тренираат учесниците како да ги надминат“, додава професор Кехајас.

Програмите целат кон развој на вештините, техниките и практичните знаења потребни за менаџмент на напредно ниво, како и кон развој на независни аналитички способности, комуникациски и презентерски способности. Со тоа, на учесниците им се обезбедуваат потребните вештини за водење на модерна компанија, преку развојот на екстензивно знаење поврзано со, покрај другото и со менаџерски, финансиски и инвестициски одлуки на компаниите.

Викенд предавањето за Стратешко менаџирање на финансиски услуги ќе се одржи од 7 до 9 февруари, во просториите на Академијата за Менаџери.

Повеќе информации на: www.manageracademy.mk

- Реклама -