Што може да се каже за францускиот бељаџија, Реми Гељар, што до сега не е кажано? Овојпат, тој ни подготви уште една генијална практична шега, во која тој е човек-радар, а возачите збунето забавуваат на автопатот, штом ќе започне да ги фотографира...
Ова видео е соработка помеѓу Шелдон Нил и Колин Делеанти. Сите видеа биле снимани со Canon 5D Mark II и Canon L и Zeiss CP.2 леќи. „Целиот овој проект беше неверојатно искуство. Ние двајца станавме пријатели преку Vimeo и искусивме заеднички интерес за снимки од Националниот Парк Јосемити направени во долг временски период. Би сакале да ја прошириме идејата и на други локации.“
Речиси три децении Гај Ларами работел како писател, режисер, композитор, пејач, скулптор, сликар, писател и создавал музички инструменти. Дел од неговите дела се опфатени во две неверојатни серии, Biblios и The Great Wall, на пејсажи резбани во книги каде што страниците се „ископани“ за да бидат откриени планини, висорамнини и стари структури.
Пица мајстор од Фармингдејл, Лонг Ајленд, станал интернет хит откако видео во кое тој ги демонстрира своите вокални таленти било поставено на YouTube. Во видеото Кармело Ракуглиа пее во својот ресторан и, по неколку збунети погледи од посетителите, тој е дополнително мотивиран да се докаже.
Од една страна имате iPhone со iOS, од другата HTC со Андроид. Ова момче решило да ги тестира двата телефона на еден поинаков начин. Погледнете како...
На интернетот можат да се најдат многу работи кои изгледаат морничаво. Но поради некоја причина ова видео од роботско бебе, дизајнирано од Крис Кларк за потребите на неидентификувана телевизиска серија, е едно од најморничавите видеа на интернетот.
Мајкл Гондри ја создал оваа реклама за јапонската стоковна куќа Sunshine Sakae. И покрај нелогичноста и навидум нејасната порака, поентата на рекламата е очигледна на самиот крај.
Хонг Ји насликала неверојатен портрет на Јао Минг, кој неодамна се пензионираше од Хјустон Рокетс. Портретот на кошаркарот е направен со црвена боја и најсоодветниот можен инструмент.
Фолксваген одново извади една одлична реклама базирана на „Војна на ѕвездите“. Овојпат, се работи за кучиња кои го изведувааат „Империјалниот марш“ со лаење.
Овој кус филм изгледа како мал примерок од многу подолга приказна, дело на Аарон Симс. Ако неговата цел е да го привлече вниманието на некое големо студио за да добие финансии за целосен филм, тогаш ова е добар почеток.
Наскоро автомобилите ќе можат да возат без потреба од возач. Возачот сепак ќе мора да седи зад воланот за реагирање во случај на непредвидливи ситуации, но секој ден автомобилските компании се сè поблиску до создавање автомобил кој би можел да патува без потреба од постојано управување.
YouTube корисникот C.G.P. Grey ги претставува десетте најраспростанети „факти“, проследени со предупредување дека сè на интернетот не е секогаш вистина. Секогаш барајте повеќе информации и не верувајте во сè што ќе прочитате.
Сосема случајно се погоди англиските зборови за голф и залив да бидат хомоними. Па така, по заливските војни, Фреди В. добил идеја да сними краток филм за голфската војна. На крајот, тоа излезе генијално.
Шунсуке Накамура е поранешен член на Селтик, но додека настапувал за шкотскиот тим тој немал многу вакви шутеви. Накамура, кој денес е член на Јокохама Ф Маринос, ги демонстрирал своите таленти за јапонска телевизија. Со помош на сообраќајните огледала тој го темпирал својот шут совршено за да погоди прозорец на автобус во движење.
Оваа дигитална табла за гејминг го воведува светот на традиционални RPG во 21-от век. ePawn Arena е тенка дигитална направа која го надградува искуството на традиционалните табли за играње. Направата ќе функционира и со шах и други класични игри, но нејзината примарна намена се игрите во RPG стил.