Зошто музиката нè прави среќни

музикаСпоред резултатите од едно ново истражување, луѓето сакаат музика поради истата причина поради која се привлечени од секс, дроги, коцкање и вкусна храна. Кога ја слушате вашата омилена музика, вашиот мозок ослободува допамин, хемикалија која има функција и во мотивирањето и во создавање зависност.

Оваа студија, прва која го поврзува лачењето на допамин со уживање во музика, налага дека дури и исчекувањето на звуците на композиција како „Четирите Годишни Времиња“ од Вивалди може да го поттикне лачњето на хемикалијата. Резултатите нудат биолошко објаснување за тоа зошто музиката е важен дел од емоционалните настани кај сите култури во светот уште од праисторијата. Преку музиката студијата открива и како работи системот за задоволство кај луѓето.

„Ја следите музиката и предвидувате што следува и дали тоа ќе се совпадне со вашето очекување или ќе бидете изненадени, овие мисловни процеси се причината поради која чувствувате задоволство“ вели Валори Салимпур, невронаучник од МекГил Универзитетот во Монтреал. „Потврдата или наградата се случуваат речиси ексклузивно поради допаминот. Ова во основа објаснува зошто музиката постои толку долго.“

Прочитајте и:  The Cure го објавија вториот сингл од новиот албум

Во претходна студија, Салимпур и нејзините колеги го поврзале задоволството поттикнато од музика со зголемен интензитет на емотивна возбуденост, како и повишен пулс и забрзано дишење. Покрај овие физички промени, луѓето често чувствуваат и морници. Научниците откриле дека кога тоа се случува додека слушаме музика, крвта се упатува кон оние делови од мозокот кои се одговорни за лачење на допамин. [Why music makes you happy]

- Реклама -