Зимзоленд ги отфрла гласините за затворање – продолжува со уобичаено работно време.

Забавниот парк „Зимзоленд“ официјално демантира информации кои се појавија во некои медиуми, кои тврдеа дека паркoт ќе биде затворен. „Во последните часови се ширеа неосновани вести дека Зимзоленд ќе престане со работа. Ова не е точно“, изјавија од управата на паркот.

Од Зимзоленд потврдуваат дека работното време останува исто: во работни денови од 12:00 часот, а за време на викендите од 10:00 часот. „И покрај тоа што во последно време имаше инспекциски контроли, целосната и неопходна документација е предадена на надлежните институции. Наша мисија е да создадеме магични моменти, весела атмосфера и радост за сите деца и семејства“, додаваат од паркoт.

Управата на Зимзоленд ги повикува посетителите да продолжат со традицијата на забава и им се заблагодарува за довербата и поддршката.

Прочитајте и:  Франсилеудо дос Сантос – Бразилецот кој ѝ донесе историска титула на репрезентацијата што ја избра за своја