ЖРК Чаир по прв пат во македонскиот ракомет донесе играчка од Парагвај

Македонскиот ракометен суперлигаш постигна договор со Сабрина Фиоре, првата ракометарка од Парагвај која ќе игра во нашиот шампионат.

Сабрина, која има 29 години, својата кариера ја започна во клубот Сан Хозе во Парагвај. Потоа, играше за бразилските екипи Кариацикенсе и ААУ, а продолжи да се натпреварува во Ла Калзада и Балонмано Т-Маравиља.

Како пивот, Сабрина имала значајни настапи и за репрезентацијата на Парагвај. Учествуваше на Светското првенство во 2017 година, каде се избори за место меѓу најдобрите десет стрелци и беше најдобар стрелец на Панамериканските игри истата година, како и на Светското првенство во Шпанија 2021 година.

Прочитајте и:  Земјотрес со интензитет од 5,5 степени ја зафати Тонга.