ЗХГ: Советот на Град Скопје одобри наплата на паркинг во дивоградба која во Катастар е евидентирана како деловен простор.

Мнозинството во Советот донесе одлука за наплата на паркинг во нелегално изградени објекти, веројатно легализирани по цена од едно евро за квадратен метар. Според податоците од имотниот лист, објектот за кој е одобрена оваа наплата не е опишан како Е2 Катна гаража, туку како Б4 Деловни простории, велат од иницијативата „Зелен хуман град“.

„Според Катастар, објектот е во сопственост на Друштво за трговија и услуги ‘СКАЈ ПАРКИНГ’ ДОО Скопје, основано на 9 мај 2024 година. Во Планската програма од 2021 година за Градска четврт И16, блок И16.03, која е последно објавена на веб-страницата на Општина Аеродром, стои: ‘предметниот опфат не е опфатен со ДУП’, а земјиштето е на Република Македонија. Ова укажува на тоа дека катната гаража е изградена нелегално на државно земјиште. Сопственикот на нелегалниот објект успеал да финансира ДУП за легализација, што било одобрено од Општината.

За легално да се изгради објект, потребно е прво да се откупи земјиште од државата, па потоа да се започне со процедурата за добивање на одобрение, а не обратно, како што беше случајот тука.

Прочитајте и:  (Видео) Величенствена победа на Лидс во битката за опстанок, славеа на „Олд Трафорд“

Се поставуваат многу прашања на кои градските власти не одговараат. Дали е дивоградбата безбедна за паркирање? Дали се загрозени луѓето што секојдневно ја користат, не знаејќи за огромните пропусти направени од институциите, кои ги финансираме за да ги управуваат работите со јавниот интерес на прво место? На која фирма, која управувала со катната гаража пред ‘СКАЈ ПАРКИНГ’ ДОО, Советот на Град Скопје ѝ дал слична дозвола? Како овие одлуки биле донесени од градските сектори? Дали обичен граѓанин би можел да извршува каква било дејност во простор, ако имотниот лист е за сосема друга намена? Чија е компанијата која добила зелено светло за ваков пропуст, со неусогласена категоризација во Катастар и ДУП, од секторите кои за нас, обичните граѓани, се многу строг во примената на законот?“ се вели во објавата.