Поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, заедно со уште едно лице, се обидела да го уцени сопственикот со закани за објавување компромитирачки фотографии, барајќи ги парите или враќање на работното место. Специјалната единица за криминалистичка полиција во Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради основано сомнение за извршување на кривично дело „уцена“.
На 07.02.2026, првопријавената, поранешната вработена во угостителскиот објект, го уценувала сопственикот, тврдејќи дека ако не ја врати на работа или не ѝ подари 5.000 евра, ќе објави фотографии на социјалните мрежи кои ќе сведочат за непрофесионално ракување со храната во ресторанот, со цел да создаде негативна слика за објектот. Во извршувањето на ова дело, таа имала поддршка од второпријавениот, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.




