Осумдесет и седумгодишна жена е пронајдена мртва по пожарот во домот во Шуто Оризари. Оваа информација ја потврди Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 3 април 2026 година, околу 10:50 часот, во СВР Скопје, кога е известено дека во објектот каде што избувнал пожар е пронајдена безживотна Х. М. (87) од Скопје. Според податоците од МВР, лекарот утврдил смрт, а причината за тоа е задушување. Полициските екипи извршиле увид, а се преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот.




