Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, денеска објави дека новите, значително зголемени царини за увоз ќе стапат на сила од 1 август, пренесува Бета.
Овие царини беа најавени на почетокот на април, но потоа беа привремено суспендирани за време на преговорите со државите кои се засегнати.
Само оние земји кои во наредните денови ќе постигнат договор со САД, ќе бидат ослободени од новите давачки.
Првично, термин за воведување на овие „казнени тарифи за земјите што профитираат од трговијата со САД“ беше определен за 9 јули, но претседателот Доналд Трамп во петокот, без детали, изјави дека тие земји ќе почнат да плаќаат од 1 август.
Според најавите од Трампова администрација, за некои држави, овие царини би можеле да достигнат дури 50% од вредноста на стоката и услугите што ги извезуваат во САД.