Зголемена фреквенција на возила, но без долги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без проблеми, на суви коловози.

Автомотосојузот на Македонија известува дека интензитетот на сообраќајот надвор од градовите е умерен.

Поради летните одмори, се забележува зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна не има подолги чекања за влез или излез од државата, велат од АМСМ.

Од Автомотосојузот препорачуваат прилагодување на брзината, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Ова е особено важно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност за појава на одрони.

Оваа препорука важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, додаваат од АМСМ.