Во северозападна Колумбија, бројот на загинати по лизгањето на земјиштето се искачи на 22, додека осум лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти денес.
Екипите продолжуваат со потрагата по жртви во Меделин, вториот најголем град во земјата, и во блискиот град Белу.
Ова лизгање на земјиштето, предизвикано од обилни дождови, во вторникот затрупа многу куќи и остави значителен број луѓе без свои домови.
Лизгањата на земјиштето се честа појава во Колумбија, особено во сезоната на дождови, која трае од април до ноември.




