Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер ја погоди областа на Курилските острови во Русија.

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го стресе источниот дел на Курилските острови во Русија, известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според нивните информации, епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри.

До овој момент нема извештаи за повредени лица или значителна материјална штета.

Прочитајте и:  Ѓорѓиевски најави потенцијална забрана за мобилни телефони во средните училишта.