Земјотрес со јачина од 4,6 степени ја погоди областa околу Неапол

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени го зафати денес Неапол и околните области, известува италијанската новинска агенција АНСА.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во активниот вулкански регион Флегрејски полиња, како што пренесува весникот „Италија Оџи“.

Сеизмолошкиот настан бил забележан во 12:47 часот по локално време, на длабочина од пет километри.