Земјотрес регистриран кај Охрид

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала беше почувствуван ноќеска во Охрид и неговата околина. Овој земјотрес, со Рихтерова магнитуда од 2,2, се случил во 03:18 часот. Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот се наоѓа во подрачјето Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 километри југозападно од главниот град. За среќа, не се пријавени повреди или материјална штета.

Прочитајте и:  Испитување на генерацијата Z и вештачката интелигенција: Младите во Србија секојдневно ја користат ВИ, но не ѝ се доверуваат безрезервно