Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска истакна дека секој можен компромис меѓу Украина и Русија во врска со контролата над источните региони мора да биде „праведен“ и да биде потврден преку „избори“ или „референдум“. „Верувам дека на ова прашање треба да одговори украинскиот народ. Без разлика дали ќе стане збор за избори или референдум, ставот мора да произлегува од самиот украински народ“, изјави Зеленски во одговор на новинарско прашање за можноста за постигнување договор со Москва.
Американски предлог вклучува повлекување од Доњецк и создавање на демилитаризирана зона. Зеленски потврди дека Соединетите Американски Држави предложиле Киев да се повлече од деловите што сè уште ги контролира во регионот Доњецк и да се формира „слободна економска“ и демилитаризирана зона без руски војници.
Тој исто така нагласи дека американската страна сè уште „не знае“ кој би управувал со оваа демилитаризирана зона. Дополнително, Вашингтон предлага повлекување на руските војски од украинските региони Суми, Харкив и Дњепропетровск, но истовремено, нивно останување во Херсон и Запорожје.




