Зеленски: Путин сака да ја ескалира војната за Трамп да не може да ја прекине

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин не му е потребен крај на војната бидејќи „сака да ја ескалира ситуацијата за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да не може да стави крај на руската војна против Украина“.

Тој потсети дека Путин вчера во Казахстан повторно рекламирал руски ракети и „подготвеност за убивање и уништување“.

„Путин јасно сака да додаде илјадници и илјадници проектили што веќе ја погодија Украина. Нему не му треба крај на оваа војна. Освен тоа, Путин сака да ги спречи другите да ја завршат оваа војна. Тој сега може да мавта со својот „Орешник“ само за да ги осуети напорите на претседателот Трамп, што секако ќе се случи по инаугурацијата, Путин сега сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не направи ништо и да не може да ја заврши војната“, истакна Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Прочитајте и:  Песков: Заканите на Трамп до земјите од БРИКС за доларот ќе имаат контраефект
- Реклама -