„Отворени сме за предлози од лидерите на африканските, азиските и арапските земји. Би сакал да ги слушнам и предлозите на новиот американски претседател и мислам дека ќе ги слушнеме во јануари и ќе имаме план да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската војна против Украина најверојатно ќе заврши во текот на наредната година.
„Кога ќе заврши војната? Кога Русија ќе посака војната да заврши. Кога САД ќе заземат посилна позиција. Кога глобалниот југ ќе застане на страната на Украина и на страната на крајот на војната“,
рече Зеленски во разговор со претставниците на странските медиуми во Киев на третата меѓународна безбедносна конференција за храна, жито од Украина.
Според него, тоа нема да биде лесен пат, но, како што рече, убеден е дека има можности тоа да се случи следната година.
„Отворени сме за предлози од лидерите на африканските, азиските и арапските земји. Би сакал да ги слушнам и предлозите на новиот американски претседател и мислам дека ќе ги слушнеме во јануари и ќе имаме план да ставиме крај на оваа војна“,
рече Зеленски, пренесе новинската агенција Укринформ.
За време на неговата изборна кампања, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во повеќе наврати јасно стави до знаење дека сака да ја намали големата американска поддршка за Киев. Откако е избран веќе не кажува дека во рок од 24 часа ќе ја прекине војната во Украина, што претходно го нагласуваше.