Зеленски: Добра и продуктивна средба со Трамп и Макрон, сите сакаме војната да заврши што побрзо и праведно

Непосредно пред церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам, францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на средбата со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски изјави дека средбата на тројцата лидери била „добра и продуктивна“.

За Трамп, Зеленски изјави дека бил „одлучен, како и секогаш“. Истовремено, украинскиот лидер му се заблагодари на Макрон за тоа што ја организирал оваа „важна средба“.

„Сите сакаме оваа војна да заврши што е можно поскоро и на праведен начин. Разговаравме за нашиот народ, за ситуацијата на терен и за праведен мир,“ напиша Зеленски на платформата Икс, додавајќи дека се согласиле да продолжат да работат заедно и да останат во контакт и дека „мир преку цврстина е можен“.