„Завршуваме договор за отстранување на преостанатите трговски пречки“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја поздрави одлуката на САД за значително намалување на тарифите за македонските производи, и тоа од 33% на 15%.

Во објавата на социјалните мрежи, тој истакна дека оваа одлука претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави и јасен сигнал за градење на поблагодарно трговско партнерство.

Министерот посочи дека и покрај тоа што преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност во отворањето нови можности за македонските извозници, компании и економијата во целост.

„Остануваме целосно посветени на финализирање на договор кој ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни бенефити за двете економии. Убеден сум дека со ова се поставуваат темелите за ново поглавје во економските односи помеѓу Македонија и Америка“, нагласи Муцунски.