Заврши Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“

На манифестацијата, млади поети од Турција, Грција, Србија, Албанија и Македонија имаа можност да ја посетаат родната куќа на Ванчо Николески, како и Спомен-собата, каде оставија нови примероци во Збирката документи поврзани со овој познат автор на проза и поезија. Едно од неговите најпознати дела е романот „Волшебното самарче“, по кој е снимен и игран филм.
Во текот на последните три дена, покрај во Црвена Вода, организирани беа бројни настани во Охрид, Струга, Лерин (Грција) и Пустец (Албанија). Во Глобочани, во близина на Пустец, учесниците настапија пред споменикот на албанскиот автор од македонско потекло, Спасе Стерјо, и го разгледаа музејот посветен на неговото дело.
Секојдневието на манифестацијата започнува во Централното основно училиште „Ванчо Николески“ во Лескоец, близу Охрид, кое е единствена институција со име на овој значаен македонски литерар за деца и млади.
Професорите и учениците приредуваат културно-уметничка програма за своите почитувани гости, а потоа, заедно, секоја година, во Алејата на заслужни на „Градските гробишта“ во Охрид, учесниците полагаат цвеќе на вечниот одмор на Ванчо Николески.
Традицијата продолжува и секоја година, младите поети имаат средба со претставник од државата, а годинава тоа беше претседателката Гордана Сиљаноска Давкова, која им испрати специјално Послание.
Претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиноски, ги прими и поздрави учесниците во име на финансиските поддржувачи на манифестацијата.
Младите литерати имаа можност да учат и создаваат под водство на нашиот познат автор и педагог, професор-доктор Христо Петровски.
Во рамките на воспоставената традиција, учесниците следеа главните настани на Струшките вечери на поезијата.
Оваа година, манифестацијата ја почести и малку посебна група македонци кои живеат во Австралија и кои, исто така, го слават делото на Ванчо Николески. Информации за него добија од познатиот македонски активист Наум Трајчески, поет и претседател на Литературното друштво „Ванчо Николески“ од Квинбеј.
Организатор на целата манифестација е Здружението за култура и литература „МАЦКОВО“, а во име на покровителот – Светската академија за поезијата од Верона, Италија, специјално Послание испрати поетот Мајо Даниловиќ, координатор на Академијата за целиот словенски свет.
Прочитајте и:  Трет состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда.