Завршен месец со 28.494 утврдени прекршоци преку „Безбеден град“, најголем дел поради пречесто брзо возење.

Во текот на мај годинава, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 28.494 сообраќајни прекршоци на територијата на градовите и патните коридори опремени со камери, објави Министерството за внатрешни работи. Според податоците, најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на возење со брзина над дозволеното, при што за месецот се евидентирани 27.360 случаи на такво однесување.

Дополнително, биле регистрирани 833 прекршоци за возење со истечена важност на сообраќајната дозвола и 301 случај на минување на затворен сигнал – црвено светло. Во овој период, изречени се вкупно 781 мерка забрана за управување со возило. Од нив, 295 се однесуваат на минување на црвено светло, а 486 за брзо возење.

Прочитајте и:  Во Систина изведена првата операција со роботски систем

Во однос на забраните за брзо возење, 347 се изречени за возачи кои се движеле со брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 86 за надминување на ограничувањето утврдено за конкретното возило, а 83 за возење со брзина над 170 километри на час во ненаселено место. Министерството за внатрешни работи истакнува дека во споредба со април, забележано е намалување од 7,9 проценти на прекршоците за управување со нерегистрирани возила.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописи и заеднички да работиме на подобрување на безбедноста на патиштата“, истакнаа од МВР.