Италијанската манекенка Клаудија Романи предизвика воздишки и восхит кај следбениците на социјалните мрежи откако позираше во минијатурно бикини, истакнувајќи ги своите облини во провокативни пози во Мајами. Коментарите од нејзините обожаватели не запреа, а некои од најубавите пофалби беа: „Жолтата боја ти стои прекрасно“, „Ти си фантастична“, „Една од најубавите жени на светот“, и „Ми ја разубави денот“.
Клаудија има долгогодишна кариера и се појавувала на насловните страници на бројни угледни списанија, како што се „GQ“, „Maxim“, „Cosmopolitan“ и „Playboy Италија“. Во 2006 година, списанието „FHM“ ја вброи меѓу 100-те најсекси жени на планетата.
Нејзиното учество во францускиот реалити-шоу „Secret Story“ пред десет години, каде што беше со својот поранешен дечко Кевин Глеизес, наидуваше на големо внимание. Клаудија одлучи да го напушти шоуто по неговото елиминирање.
Во 2009 година се пресели во Флорида и пред 11 години стана професионална фудбалска судијка. Тогаш изјави дека е исклучително воодушевена што конечно може да суди натпревари во Серија А и Серија Б. Но, денес нејзината кариера се насочува целосно кон инфлуенсерството.




