Зимските олимписки игри во Милано и Кортина завршија со величествена церемонија во Верона.
Според правилата на Олимписката повелба, затворачката церемонија ги комбинираше официјалните обреди и културните активности.
Овие игри се првите во историјата чие затворање се одржа за време на мандатот на претседателката на Меѓународниот олимписки комитет, Кирсти Ковентри.
Верона беше избрана како локација за церемонијата, иако таму не се одржаа натпревари. Изборот на овој град намерно ја рефлектираше атмосферата на античките олимписки игри.
Античкиот римски амфитеатар во Верона, познат по својот летен оперски фестивал и значајни културни настани, ќе биде исто така домаќин на церемонијата на отворање на Параолимписките зимски игри на 6 март 2026 година.

Кирсти Ковентри, претседателката на Меѓународниот олимписки комитет, ја прогласи завршницата на Игрите.
„Драги пријатели, со овој чин ги прогласувам Зимските олимписки игри во Милано и Кортина 2026 за завршени. Во духот на традицијата, ги повикувам младите од целиот свет, вклучувајќи и сите вас тука присутни, да се собереме по четири години во Француските Алпи и да славиме 26-те Зимски олимписки игри. Се гледаме во 2030 година“, изјави Ковентри.
На Зимските олимписки игри во Милано и Кортина учествуваа околу 2.871 спортист од 92 различни земји, натпреварувајќи се во111 олимпииски дисциплини во 16 различни спортови. Игрите се одржаа од 6 до 22 февруари 2026 година.

Норвешкиот скијач Јоханес Хосфлот Клебо стана првиот спортски натпреварувач во историјата на Зимските олимписки игри што освои шест златни медали на едни игри, надминувајќи го рекордот на Ерик Хајден од 1980 година, со вкупно 11 олимписки златни медали во неговата кариера – што го прави еден од најголемите зимски спортисти на сите времиња.
Норвешка беше најуспешната земја со освојување на 40 медали, од кои 18 се златни, а по 11 сребрени и бронзени.
САД успеаја да постават рекорд за најмногу златни медали на едни Олимписки игри, освојувајќи најмалку 11 златни медали, вклучувајќи историско злато во машки хокеј по 46 години пауза.
Скијачкото планинарење направи деби на овие Игри како нов олимписки спорт.
Игрите се одржаа во повеќе градови и локации низ северна Италија, што ги прави некои од најобемните зимски олимписки игри во историјата.
Учеството на жените достигна рекордно ниво, со околу 47% од спортистите помеѓу сите учесници на оваа Олимпијада.




