Слетувањата и полетувањата на авионите од утринава се невозможни на поголемиот дел од грчките аеродроми, откако воздушниот простор над Грција беше затворен поради сериозен технички проблем. Според податоците од грчките медиуми, најверојатна причина за оваа ситуација е дефект на комуникациските системи. По 9 часот наутро, на аеродромите ширум земјата биле пријавени значителни нарушувања, информира весникот „Катимерини“.
Првичните информации укажуваат на тоа дека техничкиот проблем, кој влијае на радиофреквенциите, ја оневозможил комуникацијата меѓу контролорите за летање и пилотите, што довело до тоа безбедното управување со воздушниот сообраќај да биде невозможно. Од грчките служби за воздушен сообраќај соопштија дека интензивно се врши работа на пронаоѓање решение, со цел проблемот да биде отклонин и да се минимизираат последиците во најкраток рок.




