Градскиот превоз во централниот дел на Белград попладнево е прекинат, а возилата добиле упатство да се вратат во своите гаражи.
Во моментот, градските автобуси и трамваји во Белград не сообраќаат, и не е познато кога повторно ќе бидат активирани.
Денес, во Србија се одбележува Видовден, а во текот на денот се организирани различни настани – протест на студентите во Белград, литературна вечер пред Народното собрание, доделување на одликувања, како и свечена седница на српската Влада во Крушевац.




