„Започнете го денот со енергија: Авокадо тост со јајце – совршеното балансирано утринско гориво!“

Секогаш е добро да имаме идеи за здрав појадок! Прашањето е како да подготвиме брз оброк кој истовремено е хранлив и ни дава енергија за остатокот од денот? Инспирирани од новиот протеински леб на Жито Лукс, ви нудиме нов рецепт за тост од авокадо со јајце, кој брзо ќе стане ваш омилен. За да го балансираме оброкот, го комбиниравме следното:

Протеински леб – кој го збогатува оброкот со јагленохидрати и растителни протеини од грашок и наут. Одличен избор за сите кои се грижат за здравата исхрана и активно тренираат.
Авокадо – кое е извор на здрави масти и растителни влакна.
Јајца – кои додаваат протеини и витамини како Д, Б12, А и Е.

Состојки:
– 2 парчиња протеински леб од Жито Лукс
– ½ авокадо
– 1 мала лажичка лимонски сок
– 2 јајца
– 1 лажица маслиново масло
– Сусам и босилек за декорација
– Сол и мелен црн пипер

Подготовка:
Загрејте масло во тава и седнете ги јајцата да се пржат околу 3 до 4 минути, по што тавата ќе ја тргнете од огнот. Испечете ги парчињата леб во тостер.

Во длабок сад, испасирајте авокадо со виљушка и додајте сок од лимон, малку сол и мелен црн пипер. Препечените парчиња леб премачкајте ги со пастата од авокадо и врз секое парче поставете пржено јајце. Декорирајте со сусам и босилек ако посакувате. На здравје!