Денес, на 10.08.2025 година, во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција беше пријавен пожар на пловен објект – глисер, кој беше укотвен во водите на Охридското Езеро, близу плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец, на околку 30 метри од брегот.
На среќа, нема повредени лица, а во акцијата за гаснење на пожарот интервенираа членовите на Територијалната противпожарна единица Охрид и екипите на езерската полиција.
По преземените мерки, утврдено е дека глисерот бил регистриран и во сопственост на З.Д. (64) од Тетово. Како резултат на предизвиканите оштетувања, пловилото потонало на длабочина од приближно три метри, а пожарот допринел за оштетување и на два соседни глисери.




