Заедничка заложба за нови спортски успеси
Во пресрет на претквалификациите за Светското првенство во Катар 2027, Комерцијална банка официјално стана генерален спонзор на Македонската кошаркарска федерација, обезбедувајќи значајна поддршка за нови успеси на нашата машка кошаркарска репрезентација.
Претседателот на федерацијата, Томе Главчев, изрази благодарност за оваа поддршка:
- "На мое големо задоволство, како и на целата кошаркарска федерација, се потпиша договор за генерално спонзорство помеѓу нас и Комерцијална банка. Ние како федерација ќе направиме сè што е во наша моќ да ја оправдаме довербата и да создадеме основа за продолжување на соработката во иднина."
Во своето обраќање, Хари Костов, во име на Комерцијалната банка, истакна:
- "Поддршката на спортот е поддршка на вредности кои се темел на секое здраво општество – дисциплина, тимска работа, истрајност и почит. Горди сме што стануваме дел од кошаркарската приказна и веруваме дека заедно ќе инспирираме нови генерации да сонуваат и да победуваат."
Ова партнерство не е само обична поддршка, туку и заедничка обврска за постигнување нови успех во спортот, со цел да се мотивираат младите генерации и да се создадат нови спортисти кои ги остваруваат своите соништа под обрачите.




