„Заеднички напредуваме“ – продолжува еко-иницијативата на Иуте

Во соработка со Општина Аеродром и нашите долгогодишни соработници Man & Mountain, успешно реализиравме нова еко-иницијатива која се фокусира на садење дрвја и раззеленување на јавните простори.

Ова е второ поглавје од нашата мисија за поврзување на општините со заедницата преку зелени иницијативи. Оваа иницијатива е доказ за нашата посветеност и од локална активност се префрла во долгорочен ангажман за создавање на подобар, почист и поодржлив град.

Целта е да се охрабрат практики кои го подобруваат квалитетот на животот, но и да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на заштитата на животната средина. Веруваме дека вистинските промени се остваруваат постепено, со посветеност и континуирана работа.

Садејќи нови дрвја, создававаме не само зелени површини, туку и наследство — град што диши, како и порака до идните генерации кои растат заедно со нас. Овој проект негува чувство на припадност, одговорност и соработка.

Наша амбиција е секоја следна генерација да го почувствува она што денес го оформуваме со љубов, ентузијазам и заеднички напори. Оваа иницијатива нека биде потсетник дека малите чекори, кога се прават колективно, оставаат големи влијанија, соопштија од Иуте Македонија.