Забраната за патување на Трамп за граѓаните од 12 земји стапува на сила утре

Забраната за влез на граѓани од 12 земји

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез на граѓани од дванаесет земји стапува на сила в понеделник, минута по полноќ. Трамп изјави дека целта на оваа мерка е да се заштити САД од „странски терористи“.

Според него, овие земји со најстроги ограничувања бездруго засолнуваат значителен број терористи. Трамп истакнува дека тие не соработуваат при издавањето визи и не проверат идентиетите на патниците како што треба, а ниту водат соодветна евиденција за нивните кривични досиета.

Исто така, американскиот претседател тврди дека граѓаните од овие земји често остануваат во САД подолго од времето на важност на нивните визи.

Прочитајте и:  Митева: Водиме дипломатија со integritet, посветени сме на раст и развој, како и на исполнувањето на нашите домашни задачи и обврски.