За ручеци и состаноци на министри – максимум по 1.500 денари по лице

Повеќе нема расипничко трошење на народните пари и нема, преку трошоци за угостителски услуги, да се извлекуваат илјадници евра и да се трошат на сѐ и сешто, како што правела претходната владејачка гарнитура. Се стеснува кругот, но и се ограничуваат износите кои можат да ги трошат институциите и функционерите, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата – Љупчо Николовски, во однос на владината одлука со која се поставува максимум на дозволените трошоци на функционерите за угостителски услуги.

Како што објасни Николовски, министер ќе може да потроши максимум 1.500 денари по лице, а заменик-министер и директор – по 1.000 денари по лице, за работни ручеци. За замениците-директори нема предвиден буџет за вакви трошоци. Притоа, функционерите ќе мора да поднесат детален извештај за резервацијата, бројот на лица (со име и презиме), природата и целта на состанокот. Со одлуката се опфатени сите владини функционери и правни субјекти кои ги основала Владата.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Николовски потсети дека јавноста, преку владините алатки за транспарентност и отчетност, сега има увид во тоа како се трошат парите. „Сериозно се ограничени привилегиите и се зголемува транспарентноста. Граѓаните ќе знаат на каков работен ручек бил одреден министер“, вели вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.

- Реклама -