За модуларната болница што изгоре во Тетово, половина од тогашната власт треба да биде процесуирана, смета адвокатката Кадриу.

„Јовески дојде за да воспостави контрола, да назначи свои луѓе и да постави филтри за тоа како да се постапува. Спроведуваме истрага, имаме колегиуми, а потоа ќе добиеме одобрение од Јовески за испроведување на истражни дејства или за одбијање. Во случајот со пожарот, се истражуваше како дошло до него и на каков начин е изградена болницата. Во текот на истрагата испадна дека средствата за таа модуларна болница, како и за другите, биле обезбедени од Светската банка. Вкупно се работи за 90 милиони евра, од кои 30 милиони за модуларни болници, а 60 за лекови и дополнителни опреми. Кога се распрашував за цените на панелите со камена волна, кои се безбедни 40 минути, се покажа дека тие чинат 17 евра, а рециклираните панели, познати како ‘пурпени’, не чинат ни 5-6 евра. Значи, тие 10 модуларни болници не можеле да чини повеќе од, да речеме, 300 илјади евра за сите 10, а потрошени се триесет милиони“, изјави Кадриу.

Тaa нагласува дека најтешкиот аспект е тоа што кога била дадена наредба за изработка на вештачење од електричар, пристигнало известување дека причината за пожарот била лошо инсталирана електрична енергија.

„Кога се активирал тој уред (за анимирање, н.з.), повлекол голема количина струја, немало прекинувачи на доводот, што довело до експлозија. Но, не била инсталирана разводна табла. Да имало таква табла, ништо не би се случило. Тоа е пропустот. Прво, министерот за здравство во тоа време, Филипче, ја составил спецификацијата без да има елаборат за електрична енергија и без противпожарен елаборат“, додава Кадриу.

Тaa објаснува дека безбедноста на болниците е одговорност на Министерството за здравство, додека Министерството за труд и социјална политика гради градинки и домови за стари лица. Во овој случај, огласот бил објавен од Министерството за здравство, но спроведен од Министерството за труд и социјална политика.

„Вршија разводнување, но на крајуз се покажа дека причинската врска за пожарот е лошата електрична инсталација. Знам дека директорот на болницата, медицинскиот директор (Артан Етеми, осуден на три години затвор за пожарот, н.з.), понудил два опремени спрата од болницата, но одлучиле за модуларната болница, бидејќи требало да се потрошат парите. Додатно, таа модуларна била над резервоарот“, тврди Кадриу.

Во врска со изјавата на тогашниот премиер Зоран Заев дека за опремата за болниците не се потребни посебни елаборати, Кадриу застанува со цврст став:

„Законите мора да се почитуваат. Во конкретниот случај, во Законот за градба има неколку членови со кои е направена некоја измена, но целиот Закон за градба продолжува да важи. Сето изградено над земја детерминира основа за градба. При модуларната болница во Тетово не е направен ни технички прием при предавање. Само на економскиот директор му бил предаден клучот. Тоа значи дека директорите (Флорин Бесими, тогашен директор на тетовската болница, осуден на три години затвор, и економскиот директор Артан Етеми) не учествуваа во набавка и изградба. Овие двајца добија затворски казни, а оние што ја направија инсталацијата се неосудени. Тоа е загрижувачки. За тоа, мене ме суспендираа, бидејќи барав дополнително да се изврши градежно вештачење“, нагласува Кадриу.

Тaa смета дека за случајот половина од тогашната влада треба да оди во затвор, и сите вклучени во поставувањето на болницата, а не само двајцата осудени директори, треба да одговараат. Таа и денес е уверена дека целиот случај е организиран незаконски, а главната одговорност лежи на оној кој го објавил огласот и ги издвоил средствата – министерот за здравство, заедно со Комисијата која ја подготвувала спецификацијата и изведувачот на работи.

„Не смеело да се поставува струја без да се предвиди инсталација на раскидни табли, кои ќе спречат довод на струја во вакви случаи“, решително завршуе Кадриу, во случајот во кој 14 пациенти и нивни роднини загинаа во пожарот.