Windows 8.1 е подготвен, пуштен е во производство

Се чини дека Microsoft го издаде налогот за производство на последната верзија на оперативниот ситем Windows 8.1. Уредникот на Windows SuperSite, Пол Трурот на 23 август постави твит и го најави тоа. Трурот дури го напишал конечниот број 9600.

Извор близок до компанијата потврди дека RTM Microsoft Windows 8.1 бил пуштен во производство на 23 август и најави дека внатрешниот квалитет на метриката за новиот и оперативен систем ќе биди во линија со оној од Windows 7.

Windows 8.1 со кодно име Blue воведува голем број на промени со цел да го направи новиот оперативен ситем подопадлив за корисниците на Windows. Така на пример се додава Start копче, декстоп опција, Metro aпликации вградени во туторијали, подобрен Windows Store и мноштво други потрошувачки и бизнис фокусирани карактеристики. Microsoft го лансира тестирањето за Windows 8.1 доцна во месец јуни.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -