Вучиќ: Србија е светот се пред најтешката година во поновата историја

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека Србија и светот се пред најтешката година во поновата историја, година која носи конфликти и немири, поради што најважна задача на Србија е да го зачува мирот, јави дописникот на МИА од Белград.

На одбележувањето на 182-годишнината од Српската академија на науките и уметностите (САНУ), Вучиќ напомена дека следната година на планетата ѝ претстојат бројни избори, од Тајван и САД до Русија и Украина, и дека стравува дека 2024 година ќе биде потешка за целиот свет и за Србите.

„Мислам и за загрозеност за жителите на Косово и Република Српска и воопшто во регионот. Затоа мислам дека е важно секој ден да доаѓаме до заеднички именител како да ја зачуваме нашата слобода, земјата и иднината“, рече Вучиќ.

Прочитајте и:  Курти бара предавање на Радоичиќ како услов за продолжување на дијалогот со Србија

Тој зборуваше за важноста на компромисот, кој ќе обезбеди „државата да не се откаже од својата територија или од својот народ“, нагласувајќи дека е неопходно да се чекаат „поповолни можности во светот за вистината да излезе на виделина“.

Меѓу другото, тој рече дека политичарите се менлива работа и да Српската академија на науките и уметностите, СПЦ и државата Србија се над се.

МИА

- Реклама -