Втора победа на македонските фудбалерки во квалификациите за Европското првенство

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години постигна нов успех, победувајќи ја Луксембург со 2:0 во Струмица, остварувајќи ја втората победа во квалификациите за Европското првенство – Б лига.

Во 17. минута, Лана Спасовска го отвори резултатот, а само девет минути подоцна, Лаила Бала ја зголеми предноста, со што стави точка на конечниот резултат.

Селективката Катерина Милеска и нејзините избранички ја започнаа турнирската авантура со победа над Грузија од 1:0. Во последниот натпревар од квалификациите, тие ќе се соочат со Северна Ирска на 6. март во 13:00 часот, во битка за првото место во групата.

По две одиграни кола, Македонија и Северна Ирска имаат по шест освоени бодови, додека Грузија и Луксембург остануваат без ниту еден бод. (МИА)

Прочитајте и:  Маврово се спреми за Светското првенство во риболов на крап.