Втор настап на Ставре Јада – Уметничка вечер.

Македонскиот олимпиец Ставре Јада денес ќе настапи на својот втор натпревар на Зимските олимписки игри во Милано Кортина. Тој ќе стартува во трката на 10 километри слободен стил. Во претходниот настап во дисциплината спринт, Јада го освои 89. место во конкуренција од 94 натпреварувачи.

Вчера, во дисциплината од 10 километри, учествуваше и Ана Цветановска, која го освои 105. место во конкуренција на 108 натпреварувачки.

Ова претставува последен настап на македонските нордијци, додека претставниците во алпско скијање ќе се појават во следните денови – Виктор Петков на 15. февруари и Јана Атанасовска на 18. февруари.