Времето ќе биде умерено облачно, а попладне се очекува краткотраен дожд.

Денешното време ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди, а во попладневните часови, особено во западните региони, постојат услови за краткотраен дожд, според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат од 10 Целзиусови степени во Маврово, до 18 степени во Скопје, Велес и Демир Капија, а најтопло ќе биде во Гевгелија со 19 степени.

Слични временски услови се очекуваат и утре – умерено облачно со сончеви периоди, а попладне, особено во западните области, со можен краткотраен дожд.

Прогнозата укажува дека до крајот на овој период, времето ќе остане променливо облачно со повремен локален дожд.

Прочитајте и:  Алаба се разделува со Реал Madrid

До вторник, ветерот ќе остане слаб до умерен, доминантно од јужен правец. Во среда, тој ќе се промени во источен, а во четврток во североисточен.

Откако ќе помине вторник, се очекува дека дневната температура ќе почне да опаѓа.