Oблачно со повремен дожд, а на повисоките места ќе има провеви на снег.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денес времето ќе биде променливо облачно со шанси за повремени слаби врнежи од дожд.

Претпладне, врнежите од дожд можат да прераснат во снег, особено во повисоките подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер, а попладне местимици по течението на Повардарието ќе има засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со услови за слаб дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен, исто така од југоисточен правец, според прогнозата на УХМР.

Прочитајте и:  Аргентинскиот магионичар Меси стана сопственик на фудбалски клуб