Времето денеска ќе биде со повремен локален дожд.

Во нашата земја денеска ќе преовладува променливо облачно време, а повремено ќе има и локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер, кој на некои места ќе биде повремено и засилен, а неговиот правец ќе биде јужен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со можност за повремен дожд. Ветерот ќе биде умерен и повремено засилен, исто така од јужен правец.