Временска прогноза за 10.4.2025

Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд,Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Информација од ова утро 9.4.2025

Минимална температура (во °C)

-10 Попова Шапка, -8 Маврови Анови, -6 Крушево, Берово, -4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Охрид, Тетово, Битола, Претор, -3 Куманово, Прилеп, -2 Демир Капија, Кавадарци, Велес, Виница, -1 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Штип, 2 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

9 Крушево, 5 Попова Шапка, 1 Маврови Анови.