Враќање на скопското Кале како дел од визијата за „Скопје – европска престолнина на културата“ во 2028 година

Реактивирање на скопското Кале – Визија за културната иднина на Скопје

Во текот на посетата, акцентот беше ставен на посветеноста на Град Скопје за внимателно и стручна адаптација на просторот. Како што истакнуваат од Град Скопје, целта е да скопското Кале стане жива културна сцена, достапна за граѓаните, уметниците и посетителите, со целосно почитување на историските слоеви и културното наследство.

„Овој пристап е во согласност со современите европски практики, каде локалитети со истакната историска и симболична вредност активно се интегрираат во културниот живот на градовите. Ова е дел од пошироката визија на Скопје како ‘европска престолнина на културата’, со цел долгорочна културна трансформација и одговорно пренесување на наследството на следните генерации“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека неговата цел е јасна и недвосмислена: целосно отворање на просторот на скопското Кале, со внимателно и одговорно приспособување и активирање за културни и уметнички настани, при тоа почитувајќи ги историските слоеви и културното наследство.

„Во светот постојат многубројни примери каде објекти со значајна историска вредност се интегрирани во современиот културен живот. Тие претставуваат живи простори за театар, музика, изложби и уметнички перформанси, создавајќи дијалог меѓу античкото и современото. Вака, не само што се заштитува културното наследство, туку и активно се интерпретира. Просторот добива нова, современа улога во служба на граѓаните и посетителите. Скопското Кале е од најзначајните културно-историски симболи на градот и сведок на нашата цивилизациска историја“, подредено нагласи Ѓорѓиевски.

Тој додава дека реафирмацијата на Кале е од јавен интерес и обврска кон идните генерации да им се остави град кој го почитува минатото и смело ја гради својата културна иднина.