Враќање на астронаутите по мисија на Меѓународната Вселенска Станица

Фото: NASA По успешното лансирање на леталото Dragon од SpaceX оваа недела, возилото вчера успешно се врати на Земјата, пренесувајќи ги астронаутите оставени на Меѓународната Вселенска Станица од лани. Астронаутите Суни Вилијамс и Бич Вилмор, кои на 4 јуни беа дел од тестирањето на Starliner леталото на Boeing, еден ден подоцна стигнаа на станицата. Иако нивната мисија првично траеше осум дена, поради проблеми со Starliner, возилото се врати без екипажот. По повеќе од девет месеци, тие конечно се вратија на Земјата. Според извори, SpaceX и Елон Маск нуделе да ги вратат астронаутите порано, но администрацијата на Бајден не прифатила. Заедно со Вилијамс и Вилмор, се вратија и астронаутите Ник Хејг и Александар Горбунов од Roscosmos. Леталото Dragon Freedom слета во 22:57 часот покрај брегот на Флорида, во Мексиканскиот Залив, а екипите на SpaceX ги пречекаа астронаутите, префрлајќи ги во Johnson Space Center на NASA во Хјустон. За време на нивниот продолжен престој, Вилијамс и Вилмор учествуваа во управувањето со станицата и извршуваа научни експерименти и прошетки во вселената.