Возач од Скопје е лишен од слобода откако, под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа во која биле повредени две лица, информира Министерството за внатрешни работи. Според соопштението на МВР, денеска (01.02.2026) полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.М. (50) од Скопје.
Околу 16:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила несреќа во која учествувале три патнички возила – „сеат ибица“, управувано од М.М., „тојота“, на управување од А.Г. (25), и „мерцедес“, под управување на М.В. (32), сите со скопски регистарски ознаки.
Во оваа несреќа, телесни повреди здобиле возачот А.Г. и неговата сопатничка Л.Г. После спроведените мерки и алкотестирањето, утврдено било дека М.М. управувал под дејство на алкохол, со измерени 2,32 промили во крвта. За овој инцидент бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.




