Возач тешко повреден по излетување од патот Штип-Радовиш

Денес, 6 јули, околу 00:11, во Секторот за внатрешни работи Штип, е пријавено дека на регионалниот пат Штип – Радовиш, автомобил „БМВ 320“ со регистарски ознаки од Радовиш, управуван од А.А. (31) од село Дамјан, излетал од патот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во оваа несреќа, А.А. претрпел тешки телесни повреди, кои се констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.