Возач од Кочани зафрлен со 2,25 промили алкохол во крвта

Пијан возач исклучен од сообраќај во Кочани

Дваесет и осумгодишен жител на селото Спанчево, во Општина Кочани, управувал со возило под дејство на алкохол. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Штип, Д.Т. бил измерен на 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица.

Во дописот на СВР Штип се наведува дека во раните утрински часови, околу 3:00 часот, на улица „Маршал Тито“, полициските службеници од Општинската полициска единица го лишиле од слобода Д.Т. од Спанчево.

  • За време на контролата во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал дотичниот, и по извршените проверки утврдиле дека е под дејство на алкохол. Соодветно, возачот бил исклучен од сообраќајот и задржан за понатамошна постапка, се вели во соопштението од СВР Штип.
Прочитајте и:  Заложничка драма во Берлин: Жената заробена синоќа околу 22 часот по локално време.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.